b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_esrfdghjfd.jpg

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 29-23 (14-13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја потврдија улогата на фаворити и славеа над Радовиш со 29-23 во натпревар од шестото коло на групата Б на Суперлигата.

Првиот дел мина во израмнета игра и домаќинот имаше предност од само еден гол (14-13), но во продолжението избраниците на Јовиќ заигра подобро во двата правци на теренот и издвојуваа сигурен триумф, триумф број четири во оваа сезона.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Шесто коло:

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 29-23 (14-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 400
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски, Кукуловски 2, Митревски 1, Димовски 1, Димитровски, Талевски 4, Петровиќ 7, Пет. Атанасијевиќ 8, Ивановски, Буторац 3, Белистојановски 2, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8 минути

Радовиш:
Паунов, Костадинов, Марков, Јорданов 3, Долдуров, Ѓорѓиески, С. Ѓорѓиев, Постолов 9, К. Ѓорѓиев, Органџиев 3, Ончев 2, Вјештица 5, Чапов, Атанасов, Трајчевски 1, Костадиновски
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 12 минути

Паузата во шампионатот, заради репрезентативните обврски, Еурофарм Пелистер 2 ќе ја дочека на третото место, веднаш зад Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723