b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_ehfzdr.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги добија противниците во новата сезона во Лига Европа. Еурофарм Пелистер во Д-групата ќе игра против Фуксе Берлин (Германија), Moтор Запорожје (Украина), Бидасоа (Шпанија), Скандерборг Архус (Данска) и Агуаш Санташ (Португалија).

Битолчани евросезоната ќе ја отворат на 25 октомври кога ќе го пречекаат Скандерборг.

ЕХФ Лига Европа, сезона 2022/23:

Група А: Бенфика, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Гепинген, Монпелје, Веспрем КФТ
Група Б: Екс Ан Прованс, Иштад, Валур, Фленсбург, Бенидорм, Ференцварош
Група Ц: Скјерн, Гранољерс, Балатонфуреди, Спортинг Лисабон, Нексе, Алпла Хард
Група Д: Фуксе Берлин, Еурофарм Пелистер, Мотор Запорожје, Бидасоа, Скандерборг Архус, Агуаш Санташ

Пласман во нокаут-фазата ќе изборат по четири екипи од секоја група. Еурофарм Пелистер во минатите две сезони успеваше да ја мине групата.

sponzori 22 23

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: dimitar.mitrevski@eurofarm.com.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723