Раководството на СЕХА Гаспром лигата одлучи во август оваа година да продолжи регионалната лига во ракомет, со четвртфинални натпревари, кои ќе ги дадат патнците на завршниот турнир во Задар од 2 до 4 септември 2022 година. Во периодот меѓу 8 и 25 август ќе се одиграат следните четвртфинални дуели.
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе се најде директно во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ, откако битолчани беа вклучени во групата на тимови кои нема да играат квалификации за настап во ова натпреварување.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека според информацијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) доби директно место во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Со посредство на вајлд-карта Еурофарм Пелистер со сигурност ќе игра меѓу 24 екипи во централниот сегмент на ова клупско натпреварување.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека потпиша договори со двајца нови голмани за сезоната 2022/23. Нови членови на нашиот клуб се Мартин Јовановски и Василије Печурица.
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер денеска пристигна во Битола и го имаше првиот работен ден во таборот на македонскиот вицепрвак. Данецот се запозна со раководните луѓе во клубот и со неговиот стручен штаб со кој ќе работи во иднина.
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер денес го одработи првиот ден како предводник на битолскиот клуб. Тој пристигна во Македонија, одржа работни состаноци со клупските структури, директорот Димитар Митревски, своите помошници, стручниот и медицинскиот тим и го зазеде своето место во клупските простории.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister