b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_09_pel2alkaloid.jpg

Алкалоид - Еурофарм Пелистер 2 42-29 (23-15)

Втор пораз во три натпревари за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во групата А на Суперлигата. Поуспешен од тимот на Михаил Петровски беше вицешампионот Алкалоид, една од двете екипи со максимален број на бодови во оваа група. Еурофарм Пелистер 2 кратко му парираше на домашниот тим и брзо стана јасно дека бодовите ќе останат во Скопје. На крајот, убедливи 42-29 за Алкалоид. Џонов и Митев постигнаа по седум погодоци како најефикасни на натпреварот. Кај Еурофарм Пелистер 2 прво име беше Петар Маркоски, кој беше автор на шест погодоци.

Ракомет - Суперлига 2023/24
Група А - трето коло

Алкалоид - Еурофарм Пелистер 2 42-29 (23-15)

Спортск сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Алкалоид:
Трајкоски, Галевски, Џонов 7, Маркоски 2, Младеновиќ 1, Серафимов 1, М. Митев 7, Ѓоргиев 5, Велковски, Омерагиќ 1, Кофилоски 3, Петковски 6, Д. Митев 3, Савревски 6
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Маркоски 6, Талевски 2, Ристевски, Митревски 4, Мирчески 2, Младенов, Трпчевски 5, Блажевски, Димитровски 2, Калајџиески 4, Пецаковски, Ивановски 2, Белистојановски 1, Мијушковиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Охрид.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723