Со денешниот состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола започна сезоната на Еурофарм Пелистер 2. Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа се претстави со млад ростер на ракометари, но голем ентузијазам и желба.
Со уште помлад состав од минатата сезона Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата. Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига. Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга. Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија.
Македонскиот претставник во Европската лига, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот ќе се натпреварува на дури пет фронта. Данецот Ларс Валтер ќе ги предводи „фармацевтите“ во новата сезона и ќе се обиде со своите избраници да го симне Вардар од македонскиот трон.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од сезоната 2022/23 партнер за спортска опрема на клубот е шпанскиот бренд Joma.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го добија противникот во квалификациите за ЕХФ Европската лига во првото коло.
Тимот од Битола, воден од Александар Јовиќ, за противник го доби Алпла Хард од Австрија, кој заврши како втор во минатата сезона. Првиот натпревар се игра во Австрија, а реваншот е во спортската сала „Боро Чурлевски“.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister