Еурофарм Пелистер на Лино Червар лесно го надигра Тиквеш со 37-26 во првиот натпревар од 10. коло на Суперлигата. Битолскиот тим ја забележа осмата победа во Суперлигата со доста доминантно, но и рутинско издание, бидејќи гостите од Кавадарци не може да го следат темпото во второто полувреме.

Иако парираа во првото кое заврши со резултат 17-14, фаворитот нагази на педалот за гас во продолжение, па откако го засили ритамот, истиот не можеше да биде пратен од Тиквеш. Како што одминуваше мечот, разликата константно растеше, па на крајот Еурофарм Пелистер оствари убедлива победа изразена со единаесет голови предност (37-26).


Петар Атанасијевиќ со девет гола беше прво име на паркетот, Пешевски постигна шест, а четири реализации имаше Хакбарт. Најефикасен играч во гостинскиот тим беше Ончев со осум точни реализации.

Ракомет
Суперлига 2026/27
Десетто коло

Еурофарм Пелистер - Тиквеш 37-26 (17-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Лејла Јашар и Викторија Прентоска

Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хаидарирад, Белистојаноски 3, Видомски 2, Ристевски, Серафимов 3, Кузманоски, Граховац 1, Хенингман 2, Кузмановски 2, Пет. Атанасијевиќ 9, Пешевски 6, Хакбарт 4, Колаковиќ, Пав. Атанасијевиќ 2, Нтанзи 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути

Тиквеш:
Бакев, Солев, Јовевски, Чејовиќ 2, Тодоров, Велков, Гавидиа 3, Димовски 1, Димковски 1, Јанчев, Ончев 8, Мохамед Азис Бен Мафуд 6, Габара 5
Седмерци: 8/8
Исклучувања: 2 минути

Во следното 11. коло, следниот в четврток Еурофарм Пелистер гостува во Скопје против Алкалоид.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723