Жарко Пешевски е избран за најкорисен играч (МВП) на педесетто јубилејно издание на турнирот во Струга. Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани.
Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер беше подобар од Целје Пивоварна Лашко од Словенија по шутирањето пенали (7-6) и го освои Струшкиот ракометен турнир.
Мечот за трофејот на 50 издание на меѓународниот турнир во Струга при резултат 4-3 беше прекина,т бидејќи поради големата кондензација на теренот имаше лизгање на теренот.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер обезбедија ново финале на педесеттото издание на Меѓународниот струшки турнир, откако со 27-26 го совлада грчкиот тим на АЕК Атина. Иако на паузата имаа негатива од 12-16, во вториот дел играчите на Ларс Валтер направија целосен пресврт.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов мина во изедначена битка. И двата тима стартуваа со победа, а втората радост на меѓународниот турнир ја запиша македонскиот тим, кој славеше со 25-24 и се најде на чекор до финале, последна пречка е АЕК. На оваа средба Пелистер може и да ремизира и да се најде во финалето. Прв финалист од групата Б е Целје Пивоварна Лашко.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. 29-годишниот лев бек потпиша договор на една година, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Трансферот е официјализиран откако ракометарот денес пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.
По подолго време еден руски ракометар ќе игра за Еурофарм Пелистер. По заминувањето на кружните напаѓачи битолскиот клуб договори нови искусни ракометари на оваа позиција, а еден од нив е 28-годишниот Денис Васиљев, кој доаѓа во Македонија од Мотор Запорожје.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister