Попладнево во 14:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи извлекување на групите и распоредот на натпреварите за регуларниот дел од Суперлигата во машка конкуренција за сезоната 2022/23. Еурофарм Пелистер е дел од првиот шешир, а Еурофарм Пелистер 2 од вториот шешир.
Со манири на голем клуб, Еурофарм Пелистер вчера ја заокружи сезоната 2021/22. На средба и заеднички ручек се сумираа резултатите, со подароци се испратија оние кои заминуваат и се апострофираа успесите во сезоната на истек
На денешниот завршен клупски ручек во Битола, тренерите на двата суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 се заблагодарија на професионалноста на ракометарите, клубот и логистиката и ги искажаа првите впечатоци по завршувањето на сезоната.
РК Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денес стави потпис на нов едногодишен договор.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister