Охрид – Еурофарм Пелистер 24-22 (10-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 одиграа одличен натпревар на гостувањето кај засилениот Охрид. Иако цело прво полувреме битолчани водеа и со 4-5 разлика, сепак Охрид во вториот дел го сврте резултатот и стигна до победата. Пелистерци долго играа со ракометар помалку и не стигнаа да го комплетираат сензацијата.
Кај домашниот им Темураз Орјоникидзе даде 7 гола, а по три постигнаа Рудолф Сафранко и Дејан Шешиќ. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Мирче Кајлаџиоски со седум гола, а по четири дадоа Христијан Митревски и Стефан Трпчевски.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група А - четврто коло
Охрид – Еурофарм Пелистер 24-22 (10-12)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Охрид:
Берин, Б. Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 1, Андоноски, Стоилевски 2, Дрогришки 2, Тасевски 2, Шипинкоски 1, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 3, Орјоникидѕе 7, Бојаниќ 1, Цирар 2
Седмерци: 6/2
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Маркоски, Талевски. С. Ристевски, Митревски 4, Мирчески 1, Блажевски, Трпчевски 4, Димитровски 2, Калајџиовски 7, Пецаковски, Ивановски 1, Белистојановски 3, Југовски, Мијушковиќ
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 16 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува новајлијата Аеродром.