Младиот хрватски бек во редовите на пелистерци, Матео Мараш го искажа своето разочарување на официјалната прес-конференција. Десниот бек жали за пропуштената шанса да се запише првата победа оваа сезона, иако се наѕираше радост по +6 на крајот од првиот дел.
„Одигравме перфектно во првото полувреме, но во второто нè стигна заморот поради долгото време без тренинг поради коронавирусот. Противничката одбрана беше цврста и ни создаде проблеми. Ако сакате да победите на ова европско ниво, мора да се игра квалитетно во текот на сите 60 минути“, рече Хрватот Мараш.
Следни предизвици за Еурофарм Пелистер во Лига Европа ќе бидат гостувањата во Манхајм кај Рајн Некар Левен и во Словенија кај Тримо Требње.