На денешното тестирање во Битола, сите ракометари на Еурофарм Пелистер и членови на стручниот штаб се негативни и спремни за натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа. Неколкумина кои го прележаа вирусот со симптоми се исцрпени, па не се најдоа на списокот на Бабиќ..
За разлика од првиот натпревар нема да игра Гоце Ојлески, а на негово место ќе влета Елмир Граџан. Надвор од стројот се и Кукуловски и Ѓукиќ. Швајцарците попладнево пристигнаа во Битола и вечерва го одржаа единствениот тренинг пред натпреварот. Во досега единствениот натпревар кој го одигра во групата Д, Кадетен Шафхаузен го совлада ГОГ Гудме со 29-28.
Меѓусебни натпревари:
08.10.2005 – Пелистер – Кадетен Шафхаузен 30-27
22.10.2005 – Кадетен Шафхаузен – Пелистер 34-28