Еурофарм Пелистер освои еден бод во домашниот дуел против Кадетен Шафхаузен, иако во првото полувреме водеше и со седум голови разлика. Десното крило, стружанецот Ненад Костески смета долгата пауза без тренинзи поради проблемите со коронавирусот оставила траги врз неговите соиграчи.
„Имавме одлично прво полуврме, шест разлика. Имавме голем пад во играта во вториот дел. Мислам дека на нас влијаеше и фактот дека имавме доста заразени ракометари со ковид-19. Немавме доволно време да се подготвиме. Навистина ми е жал што испуштивме цел плен и мислам дека заслуживме да победиме“, смета Костески.
По два одиграни натпревари во групата Д на Лига Европа, Еурофарм Пелистер има еден пораз и едно реми, а во денешните натпревари гостински победи запишаа Тримо Требње во Унгарија против Татабања и Рајн Некар Левен во Данска против ГОГ Гудме.