Еурофарм Пелистер - Металопластика 30-26 (12-14)
Еурофарм Пелистер во Битола ја победи Металопластика со 30-26 во првиот натпревар од СЕХА лигата оваа сезона.
Македонскиот тим беше поквалитетен состав и заслужено дојде до победата. Натпреварот беше неизвесен, двата тима имаа свои моменти. Во 20. минута Еурофарм Пелистер водеше со 11-9, но на одморот се замина со предност на Металопластика од 12-14.
Битолчани во вториот дел тргнаа со цел да направат пресврт и тоа се случи по пет минути игра кога поведоа со 18-17. Како одминуваше времето Пелистер се одлепуваше, во 44. минута поведоа со три разлика, 26-23 и таа предност ја одржуваа до крајот. Конечниот резултат гласеше 30-26.
Капитенот Чаневски имаше шест, а Трајковски пет одбрани на голот на македонскиот вицепрвак, додека во нападот најефикасни беа Периќ со осум, Мандалиниќ со шест и Стјепановиќ со пет погодоци.
Еурофарм Пелистер вториот натпревар од групната фаза во СЕХА ќе го игра дури на 6 февруари, на гостински терен против хрватскиот првак Загреб