Еурофарм Пелистер со 30-26 ја победи екипата на Металопластика во првиот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата, по мечот домашниот тренер го пренесе своето видување за натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
„Уште пред почетокот знаевме дека за противник имаме опасен млад тим, кој е одлично воден и има свој квалитет и динамика. Мислам дека имавме среќа што нашата клупа беше подолга, се разбира за тоа можам да му се заблагодарам на мојот клуб и токму тој фактор беше одлучувачки за извојуваната победа.
Исто така ме редува и играта на Невен Стјепановиќ, кој во вториот дел влезе во игра и ја внесе потребната свежина во нападот“, истакна Бабиќ.
Од денес ракометарите на Еурофарм Пелистер се на заслужен одмор и во втората недела од јануари 2021 година ќе се вратат во тренажен процес за пролетниот дел на сезоната.