Македонскиот претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер наиде на посериозен отпор во првото полувреме по кое Металопластика имаше предност од 12-14. Но, во вториот дел, домаќините се стабилизираа и извојуваа победа од 30-26.
Хрватскиот кружен напаѓач Томислав Кушан го анализираше натпревар против поранешниот европскиот шампион.
„Знаевме дека ни следи еден тежок натпревар против една млада екипа која добро трча и игра цврста одбрана. Лошо тргнавме во мечот, имавме доста грешки кои не се карактеристични за еден тим како што сме ние. На крајот со доста квалитетна одбрана и добра игра во нападот успеавме да дојдеме до победата“.
Битолчани следниот натпревар во регионалната лига ќе го играат против ППД Загреб на гостински терен на 6 февруари 2021 година.