Време е за СЕХА-емоциитеи втората сезона на Еурофарм Пелистер во регионалното натпреварување. Како дел од А групата битолчани ќе дебитираат проти српскиот претставник Металопластија. Елмир Граџан ја минува четвртата сезона во Битола и е еден од најискусните во ростерот.
Пивотментот пред последниот натпревар во 2020 година зборуваше на различни теми.
За почетокот на СЕХА лигата:
Дојдовме до моментот да почнеме да ја играме СЕХА лигата, која одамна ја чекаме и која треба да ни послужи да се воиграме за натпреварите од Европската лига. Желни сме за игра, секој натпреварот е битен за нас и како и секогаш играме на победа. Ќе дадеме максимум и тоа да го оствариме.
За очекувањата во сезоната и за натпреварот против Металопластика:
Наша цел е да се осврнеме на себе и на нашата игра. Потоа ќе ги анализираме противниците како што доаѓаат. Сите ние сакаме да стигнеме што подалеку, се надеваме на тој „фајнал-фор“. Ќе видиме дали тоа ќе го оствариме.Во нашата екипа има многу засилувања, многу големи имиња. Металопластика и натаму е млада екипа. Ако не пристапиме максимално, тие се екипа која може да ни создаде проблеми. Но, ние тоа нема да го дозволиме. Штом играат во СЕХА лигата не се за потценување. Сепак, се надеваме на победа.
Натпреварот се игра во Битола в понеделник од 17:45 часот, без присуство на публика.