Двата битолски суперлигаши денес го објавија планот на подготовки за сезоната 2021/22. И Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе ги „запали моторите“ на 19 јули и ќе ја темпира формата во Маврово.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Мирко Радовиќ го потпиша најавениот договор со клубот и се обврза на соработка за следната сезона 2021/22. Радовиќ веќе две и пол сезони настапува во Битола, а дојде од црногорскиот шампион Ловќен.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ги продолжи договорите со ракометарите Гоце Ојлески и Никола Маркоски. Двајцата се обврзаа на верност на уште една сезона и според новиот договор ќе останат во Битола најмалку до јуни 2022 година.
По одигрувањето на бараж натпреварот меѓу Радовиш и Шампион, познати се сите учесници во следниот шампионат на Македонија. Во Суперлигата ќе играат пак дванаесет есекипи: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961. Металург, Бутел Скопје, Охрид, Струга, Скопје, Тиквеш, Прилеп, Радовиш и Пролет.
Ракометната федерација на Македонија одлучи по турнирски систем да се одиграат сите натпревари од младинските шампионати на Македонија.
Групните натпревари во младинска конкуренција и во машка и во женска конкуренција се планирани за периодите од 12-15 јуни, а завршниот турнирот на 16-17 јуни. Кај кадетите групите ќе се играат од 18-20 јуни, а завршниот турнир на 23 и 24 јуни. Пионерите се последни, со групна фаза од 26 до 28 јуни, а „фајнал-фор“ турнир на 30 јуни и 1 јули.
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот на ракометари на Б репрезентација за пријателски натпревари со Србија закажани на 19 и 20 јуни. Повикани се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Цветан Кузманоски, Дејан Кукуловски и Ненад Костески и Иван Димитровски, Никола Стоилевски и Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister