Минаа неполни два месеци и повторно ракометарите на Еурофарм Пелистер се во тренажен процес. Жељко Бабиќ на првата прозивка сметаше на комплетниот ростер, кој ова лето најмногу промени претрпе на голманската позиција.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги почна тренинзите за новата сезона, а на почетокот од подготовките тренерскиот тим Јовиќ, Зарков и Атанасовски на располагање имаат пет нови ракометари. Тренерот вети најмлада надворешна линија во Суперлигата, напорна работа и можност пак да ги изненадат фаворитите.
Суперлигашот Еурофарм Пелистер со денешниот собир ги почна подготовките за новата сезона, под водство на тренерот Жељко Бабиќ. Со шест нови имиња, комплетно ново голманско трио и нов кондиционен тренер, пелистерци ја започнуваат битката на пет фронта.
РК Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2021/21 ќе влезе посилен за четири нови имиња. Од Еурофарм Пелистер доаѓаат Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски и Милан Ѓукиќ, а на клубот му пристапи и Андре Буторац од Голден Арт КЛ7. Сите се обврзаа на договори на една сезона.
Денес се одржа извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во новата сезона на Суперлигата, а со тоа познат е и комплетниот распоред на сите 22. кола од регуларниот дел од шампионатот. Ќе се играат 15 есенски и седум пролетни кола. Во првиот дел од шампионатот Еурофарм Пелистер 2 на Александар Јовиќ ќе одигра пет домашни натпревари и шест гостувања, а во втората половина ќе биде обратно.
Денес се одржа извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во новата сезона на Суперлигата, а со тоа познат е и комплетниот распоред на сите 22. кола од регуларниот дел од шампионатот. Ќе се играат 15 есенски и седум пролетни кола. Во првиот дел од шампионатот Еурофарм Пелистер на Жељко Бабиќ ќе одигра шест домашни натпревари и пет гостувања, а во втората половина ќе биде обратно.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister