РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека 27-годишниот голман Филип Ивановски е најновото име во ростерот на екипата за сезоната 2021/22. Ивановски, кој е изданок на битолската школа, ги мина сите младински репрезентативни категории и во ростерот на Жељко Бабиќ доаѓа од Еурофарм Пелистер 2.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Суперлигата.
Од оваа сезона нема да имаме тимови кои се приклучуваат од разигрувањето, односно сите клубови ќе мора да настапуваат во шампионатот од почеток до крај. Ова значи дека Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе имаат обврски на домашно тло. Ждрепката сакаше во првото коло да се соочат двете битолски екипи, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
В петок напладне, во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе биде извршено извлекување на натпреварувачки броеви на екипите за сезона 2021/22 за машката Суперлига. Битола и сезонава ќе биде репрезентирана од два клуба: Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека египетскиот клуб Замалек од Каиро ја откупи клаузулата од договорот на Карим Хендави, кој имаше потпишана соработка со нашиот клуб до јуни 2022 година. Хендави во февруари годинава дојде во Еурофарм Пелистер и настапи во вториот дел од сезоната 2021/22. Клубот е исклучително благодарен на професионалец како Хендави и му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата. Благодарност и до клубот Замалек за професионалниот пристап при откупот на договорот.
Европската ракометна федерација (EХФ) објави листа од единаесет екипи кои ќе бидат дел од групната фаза во Лига Европа 2021/22. Македонија има едно загарантирано место во групната фаза, а тоа ќе го заземе Еурофарм Пелистер.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во групната фаза на Лига Европа за сезоната 2021/22. Со оглед на почетната позиција и акумулираниот рејтинг, битолскиот клуб ќе се најде во групната фаза на натпреварувањето и првите официјални натпревари ќе ги одигра во октомври годинава.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister