Селекторот на машката младинска репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на ракометари повикани за собирот на младинска машка М19 репрезентација за припремите за претстојниот М19 ЕХФ шампионат во Скопје.
Регионалната СЕХА Гаспром лига денес ги објави конкретните датуми за продолжението од сезоната која стигна до четвртфиналната фаза и не заврши на вообичаен начин поради проблемите кои ги предизвика пандемијата од ковид-19.
Кирил Лазаров направи избор од млади ракометари за претстојниот кадетски ЕХФ шампионат. Лазаров објави список од 39 ракометари јасно стави до знаење дека ќе им даде шанса на многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат, а потоа ќе направи пресек и само оние кои најмногу ќе прикажат ќе се најдат на завршниот список во месец август.
Заврши младинскиот шампионат на Македонија во ракомет. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 загуби во полуфиналрто од подоцнежниот шампион, Голден Арт КЛ7 со 26-24, па во „малото“ финале го надигра Скопје 2020 со 30-19.
Овој викенд се одиграа натпреварите по групи во младинската лига на Македонија, Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе игра на завршниот турнир во Скопје, каде ќе се бори за титулата со Голден Арт КЛ7, Борец и Скопје.
Некогашниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки не е повеќе член на Еурофарм Пелистер 2. Клубот денес му се заблагодари за професионалноста и му посака среќа во понатамошниот тек на кариерата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister