Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневни подготовки во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките.
По настапите за Нексе Нашице, ППД Загреб и бундеслигашот Гепинген, хрватското десно крило Јосип Божиќ Павлетиќ. пристигна во македонската Суперлига и се обврза на договор на една сезона во Еурофарм Пелистер.
И во новата сезона српски интернационалец ќе биде дел од Еурофарм Пелистер. Милан Ѓукиќ доби прекоманда во Еурофарм Пелистер 2, но во тимот на Жељко Бабиќ ќе игра Немања Обрадовиќ. Белграѓанецот доаѓа на местото на Марин Вегар и ќе ја заземе позицијата лев бек, но голем акцент и на играта во одбрана.
Деновиве во составот на Еурофарм Пелисер пристигна левиот бек од Куба, Реиние Табоада, кој дојде од францускиот Данкерк. Кубанецот по пристигнувањето вели дека дошол во Битола за да му помогне на тимот да стигне до многу посакуваната шампионска титула во Македонија.
Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ.
Еурофарм Пелистер 2 ги почна тренинзите за новата сезона, засилен со имињата на Милан Ѓукиќ, Благојче Трајкоски и Цветан Кузманоски, Андре Буторац и Мартин Табаковски. Тренерот Јовиќ вети уште повеќе работа и ентузијазам од минатата сезона, а најави и дека младите пелистерци ќе играат со една од најмладите надворешни линии во лигата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister