b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_susi_operacija.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес врз ракометарот Мохамед Суси успешно беше извршен зафат на коленото. Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период.

Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Суперлигата до крајот на годината. Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната. На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723