Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од шестото коло на ЕХФ Лига Европа. Во вторник навечер во Битола правдата на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе ја делат босанските судии Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од четвртото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон (8 ноември - 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Она што не им успеа на ракометарите на АЕК Атина и Кадетен Шафхаузен, им појде од рака на избраниците на Жељко Бабиќ. Еурофарм Пелистер остана непоразен во Лисабон и малку недостигаше да донесе цел плен од дуелот против Спортинг. По финалните 27-27, од португалскиот табор ги признаа потешкотиите со кои се соочија на дуелот против македонскиот вицешампион.
По драматичниот нерешен резултат во Лисабон против Спортинг, на прес-конференцијата по натпреварот зборуваа тренерот Бабиќ и капитенот Периќ од таборот на македонскиот претставник. Искажаа задоволство од играта и резултатот и апострофираа дека не е лесно да се остане непоразен четири европски натпревари по ред.
Спортинг Лисабон - Еурофарм Пелистер 27-27 (14-16)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа 27-27 на гостувањето кај Спортинг Лисабон во петтото коло од Лигата на Европа, иако победата ја имаа во своите раце.
После триумфот во домашната Суперлига во „братскиот дуел“ над Еурофарм Пелистер 2, играчите на Жељко Бабиќ во вторник (30 ноевмри) ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на Европа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister