b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_eurofarm-pelister-2-golden-art-12.jpeg

Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт 25-21 (13-10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа доминантни против Голден Арт (25-21) и ја запишаа шестата победа во групата Б на ракометната Суперлига на Македонија. На двете страни беа забележани по неколку грешки и само два гола по осум минути игра за водство на Голден Арт од 2-0, по што нападите на двете екипи влегоа во форма и набрзо Пелистер 2 стигна до пресврт (6-5), а предноста до паузата ја зголеми на 13-10.

На почетокот на вториот дел, во 32 минута црвен картон заработи членот на Голден Арт, Марко Трајковски поради груб старт на Мартин Ивановски. Еурофарм Пелистер 2 бргу се одлепи на 17-11 и лесно го приведе натпреварот кон крај со победа од 25-21.

Буторац остана на петте гола од првото полувреме, колку што постигнаа и Петар Атанасијевиќ и Дејан Кукуловски, додека Стефан Талевски беше прв стрелец кај битолчани со шест погодоци. Во редовите на Голден Арт се истакна Мице Шилегов со шест погодоци.

Ракомет
Суперлига
Група Б
11. коло

Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт 25-21 (13-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелоски

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Д. Јанковски, Бошњак, Ристевски 1, Кукуловски 5, Митревски, Димовски, Талевски 6, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 5, Ивановски, Буторац 5, Белистојановски 1, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 4 минути

Голден Арт:
Даскаловски, Виларов, Трајковски, Даев 2, Гучевски 1, Шилегов 6, С. Јанковски, Рајатовски 3, Миланов 3, Павличковски, Илиев 1, Налетовски 1, Милошески 2, Гошевски 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути

Со оваа победа тимот на Александар Јовиќ се наоѓа многу блиску до математичка потврда на плеј-офот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723