b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_pel2prolet.jpg

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 23-25 (9-14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз во серија во групата Б на Суперлигата, откако во Битола загуби од Пролет со 23-25 (9-14). Дуелот го следеа 500 гледачи и видоа до крај драматичн и неизвесен дуел.

Предноста на скопскиот тим на полувремето изнесуваше 9-14 и во второто полувреме успешно ја чуваше. Домашните ракометари почнаа да се враќаат во моментите кога Пролет водеше со 15-20 и се доближија на само гол разлика (22-23). Сепак, за повеќе немаа сили, „пелистерци“ беа сигурни во завршницата и обезбедија триумф.

Најефикасен кај Пролет беше Џонов со шест гола, пет постигна Димов, по трипати погодуваа Андовски, Палевски, Јагуриновски и Аларов. Ивановски со шест и Петровиќ со четири беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2.

Ракомет
Суперлига
Група Б
Деветто коло:

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 23-25 (9-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски 1, Кукуловски 2, Митревски 1, М. Димовски, Талевски, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 2, Ивановски 6, Буторац, Белистојановски 2, Југовски, Блажевски 1, Арсеновски 4
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути

Пролет:
Петковски, Михаљевиќ, Аларов 3, Тотиќ, Василевски 1, Пецаковски, Донев, Додевски, Димов 5, Андоновски 3, Џонов 6, Мајнов, Т. Димовски, Крстески 1, Јагуриновски 3, Палевски 3
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 10 минути

Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер 2 го игра градското дерби со лидерот во групата Б, Еурофарм Пелистер.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723