b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_bvcvbn.jpg

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 36-27 (20-13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа со 36-27 (20-13) во дуелот со „помладиот брат“, Еурофарм Пелистер 2 во рамки на 10. коло од групата Б во ракометната Суперлига. Пелистерци го најавија својот триумф уште во првото полувреме, кога создаде предност од девет голови разлика (14-5), а на паузата замина со сигурно водство од 20-13.

Помладиот тим на Еурофарм Пелистер ја искористи ротацијата на ракометари кај фаворитот и почна да ја топи негативата, но сепак вицепрвакот не дозволи изненадување и славеше со 36-27.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Десетто коло:

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 36-27 (20-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи:
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Б. Ристевски, Ојлески 9, Кузманоски 3, Стоилевски, Радовиќ 2, Танкоски 2, Костески 9, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев 5, Пешевски 1, Сери 4, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, С. Ристевски 1, Кукуловски 9, Митревски 3, Димовски 3, Мулиќ, Талевски 1, Петровиќ 3, Ивановски 3, Буторац 2, Југовски 1, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути

За Еурофарм Пелистер 2 ова е трет пораз по ред, додека Еурофарм Пелистер останува лидер и единствена екипа без пораз во групата Б на Суперлигата

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723