b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_plejoff.jpg

В четврток на 22 декември со почеток во 12.00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви за плеј-оф и плеј-аут за Суперлигата.

По завршување на 14. коло од регуларниот дел се разигрува плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани/рангирани од 1-4 место по групи ќе ја формираат плеј оф групата од осум екипи и екипите со остварен пласман од 5-8 место во групи во регуларниот дел ќе ја формираат групата плеј аут од осум екипи. Во плеј-оф и плеј-аут екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќингостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување. Распоредот на натпреварите ќе биде одреден по завршување на регуларниот дел со жребање по Бергер систем.

Екипите во плеј-оф дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од
одиграните 14 кола по принцип:

Плеј-оф:

Еурофарм Пелистер 3 бода
Вардар 3 бода
Пролет 2 бода
Алкалоид 2 бода
Еурофарм Пелистер 2 1 бод
Бутел 1 бод
Охрид 0 бодови
Тиквеш 0 бодови

Плеј-офот ќе започне во февруари 2023 година.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723