b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_01_europel22023.jpg

РК Еурофарм Пелистер 2 денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Александар Јовиќ на располагање има седумнаесет ракометари, со кои ќе работи во првата фаза од подготовките. Петар Атанасијевиќ е дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска, а Василије Печурица има обврски со младинската селекција на Црна Гора. За разлика од есенскиот ростер Еурофарм Пелистер 2 ќе биде послаб за Дејан Кукуловски кој го спогодбено го напушти клубот и потпиша за Брно (Чешка).

За време на подготовките, кои целосно ќе ги мине во Битола, екипата ќе тестира со Еурофарм Пелистер, а предвидено е да одигра и еден меѓународен натпревар. Трета година по ред Еурофарм Пелистер 2, иако е најмлад суперлигаш, ќе игра во плеј-офот, во борбата за титулата и европските места.

sponzori 22 23

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: dimitar.mitrevski@eurofarm.com.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723