b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_01_2023_pel.jpg

РК Еурофарм Пелистер со денешните медицински тестови ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/23. Тренерот Ларс Валтер денес ги собра ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им ја соопшти агендата на подготовки до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, до крајот на неделата и двапати дневно. Од 26 јануари Врбас ќе биде база на пелистерци, а на 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата. Враќањето во Битола е предвидено за трети февруари.

На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора). Комплетно заздравен е Мартин Велковски, кој не настапи во првиот дел од сезоната. Заради повреда пролетниот дел ќе го пропушти Руди Сери. Во Битола веќе пристигнаа и интернационалците Дејвис, Васиљев, Хосни, Хенеберг и Суси. Мохамед Суси ја минува фазата на рекуперацијата по зафатот на коленото во ноември 2022 година и лекарските прегледи ја покажуваат неговата еволуција и одличен напредок. Се очекува негов настап на пролетните натпревари во Суперлигата, Купот на Македонија и ЕХФ Лига Европа. Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723