b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_01_pel2023.jpg

РК Еурофарм Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи и средствата за јавно информирање за своите активности во месец јануари.

- РК Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.

Првиот тренинг ќе биде комплетно отворен за медиумите.

- РК Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започне подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Комплетните подготовки екипата ќе ги мине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени.

Првиот тренинг ќе биде комплетно отворен за медиумите

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723