Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од шестото коло на ЕХФ Лига Европа. Во вторник навечер во Битола правдата на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе ја делат босанските судии Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ.
Делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Леополд Калин од Словенија.
Дуелот меѓу македонскиот и португалскиот претставник ќе биде последен европски натпревар за битолчани годинава и ќе се одигра на седми декември од 20:45 часот.