Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа. По две победи, едно реми и еден пораз, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер се наоѓа пред двомеч во седум дека против португалскиот претставник Спортинг Лисабон.
На натпреварот во вторник (31 ноември, 20:45 часот) делегирани се словачките судии Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула. Делегат на натпреварот е Константин Дин од Романија.
Делегацијата на Еурофарм Пелистер со авионски лет преку Минхен, в понеделник попладне ќе пристигне во главниот град на Португалија.