Ракомет – Суперлига (12. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 20-38 (9-18)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога, па со висока победа го совладаа Еурофарм Пелистер 2, победувајќи го со убедливи 20-38 во натпревар од 12. коло на Суперлигата.
Битолчани уште еднаш беа сведоци на спектакуарно ракометно шоу, гостите доминираа уште на самиот почеток, па ја најавија победата уште во првото полувреме, покажувајќи целосна доминација, па по триесет минути игра имаа позитива од девет гола 9-18.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Рубен Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Петковски, Буторац 2, Пав. Атанасијевиќ 3, Мирчевски, Димитриоски 2, И. Димитровски 1, Талевски 2, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 5, Белистојановски 3, Блажевски, Арсеновски, Андонов
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш, Ојлески 3, Маркоски, Маџовски 3, Кукуловски 1, Мандалиниќ 3, Танкоски 1, Периќ 2, Костески 10, Кукоски, Велковски 4, Граџан 4. Обрадовиќ 5, Табоада 2
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 8 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер го пречекува Тиквеш, а Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Бутел Скопје.