Еурофарм Пелистер се наоѓа во серија од три натпревари без пораз во Лигата на Европа и поради тоа во одлична атмосфера ќе го дочека утрешниот меч од петтото коло против Спортинг.
Клубот од Лисабон во моментов е прв во групата Д со шест освоени бодови што значи дека „фармацевтите“ со триумф можат да дојдат до водечката позиција. Битолчани ги знаат силните страни на ривалот како и слабостите, па се оптимисти и веруваат дека со позитивен резултат ќе се вратат во Македонија.
„Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа.
Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода“, вели српскиот репрезентативец.
Дуелот меѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер се игра утревечер од 20:45 часот, а делегирани се словачките судии Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула. Делегат на натпреварот е Константин Дин од Романија.