Она што не им успеа на ракометарите на АЕК Атина и Кадетен Шафхаузен, им појде од рака на избраниците на Жељко Бабиќ. Еурофарм Пелистер остана непоразен во Лисабон и малку недостигаше да донесе цел плен од дуелот против Спортинг. По финалните 27-27, од португалскиот табор ги признаа потешкотиите со кои се соочија на дуелот против македонскиот вицешампион.
Рикардо Коста
(тренер на Спортинг Лисабон)
Ова беше исклучитечно тежок натпревар за нас. Еурофарм Пелистер ни создаде многу проблеми, па овој бод е добредојден. Играа две одлично екипи, ние не бевме на потребното ниво и ни останува да продолжиме со работа.
Франциско Тавареш
(ракометар на Спортинг Лисабон)
Не го почнавме добро натпреварот и моравме постојано да го ловиме противничкото водство. Иако наша цел беше победа, сепак освоивме бод и тоа е добар исход. Треба да исправиме некои работи ако сакаме победа во Македонија. Штом успеавме да извлечеме бод од ваква ситуација, тоа е добро научена лекција.
Овој резултат е значителен напредок од последните два натпревари помеѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер. Кога последен пат се сретнаа двете екипи во групната фаза на Лигата на шампионите пред две сезони, двапати победа извојуваа Португалците.