Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година. Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш.
В среда во Струга започнува традиционалниот турнир на „Женска плажа“, по втор пат во својата историја таму ќе настапи и Еурофарм Работник. Битолскиот тим ќе дебитира под водство на новиот тренер Чирковиќ, а првиот меч е против поранешниот европски првак Целје Пивоварна Лашко.
Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник денес пристигна во Маврово и попладнево го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.
По неколку македонски тренери, за прв пат во историјата РК Еурофарм Работник екипата во новата сезона ќе ја води странски тренер. Српскиот стручњак Ѓорѓе Чирковиќ, поранешниот селектор на кадетската репрезентација на Србија, веќе пристигна во Битола и го одржа првиот тренинг.
РК Еурофарм Работник денес официјално ги започна подготовките за новата сезоната 2018/19. Под водство на новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ денес беше одржан првиот работен состанок и тренинг во спортската сала „Младост“.
Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на македонскиот ракометен колектив, Еурофарм Работник. Клубот го потврдува договорот потпишан денес во Белград и со назначувањето на младиот српски стручњак го комплетира ростерот за следната сезона.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 10, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister