b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_09_metalurg_-_eurofarm_pelister_2.jpg

Еурофарм Пелистер 2 со одлична партија, но и тесен пораз од Металург ја отвори новата сезона во македонската Суперлига. По голема борба победата ја однесе Металург, кој славеше со 25-21 (11-11). Металург настапи без Рниќ, Потиќ, Поповиќ, Вујовиќ и Додиќ, но до победа дојде благодарение на последната фаза на натпреварот и подобрата игра во одбрана.

Серафимов со седум гола беше најефикасен кај Металург, Тарабокиа постигна четири, а Канкараш беше автор на три гола. Кај Еурофарм Пелистер 2 блескаше Ивановски на голот, а најефикасни беа Талевски со седум и Петровски со пет погодоци. Веќе в понеделник во второто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Работнички во рамките од второто коло.

Спортска сала Автокоманда - Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Металург:
Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 2, Петковски, Канкараш 4, Кофилоски, Шилегов, Хорват 3, Мариќ 3, Лазаревски, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Тарабокија 5, Митиќ, Маркоски и Тодески

Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Кузмановски 1, Ј.Талевски 9, Петровски 5, В.Димитровски 1, Митревски, Ивановски, Јовановски, И.Димитровски, С.Талевски 3, Стоилевски, Атанасијевиќ, Бардаковски, Дрогришки 2, Блажевски и Арсеновски

Седмерци: 3/4
Исклучувања: 10 минути

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723