За натпреварот од седмото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Савехоф започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Работник сезонава.
На официјалната прес-конференција по натпреварот против Мешков Брест, тренерот на битолскиот клуб Стевче Алушовски ја призна инфериорноста и ги изнесе причините за поразот од 32-35.
Еурофарм Работник запиша пораз во СЕХА лигата, откако во ефикасен меч загуби од Мешков Брест со 35-32.
Денес на прес-конференција во прес-центарот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, тренерот и капитенот на македонскиот вицешампион го најавија четвртиот домашен натпревар во регионалната лига, утрешниот дуел со Мешков Брест од Белорусија.
По завршувањето на натпреварот во Прешов, тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски на прес-конференцијата кратко го опиша натпреварот и поразот на македонскииот вицешампион од 31-29.
Татран Прешов - Еурофарм Работник 31-29 (15-14)
Во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник го загуби петтиот натпревар, пак многу тесно и драматично. Во првото полувреме и двете екипи имаа свои периоди, и Татран и Еурофарм имаа водства со по три гола разлика, на одморот домаќините заминаа со предност од 15-14.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister