За натпреварот од шестото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Савехоф (17.11.2019) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Работник сезонава.
Европската куќа на ракометот ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло на Лигата на шампионите. По репрезентативните обврски за време на ЕХФ неделата, веќе од четврток започнуваат натпреварите од редовното коло на најсилното европско натпреварување.
Почитувани претставници на медиумите, ве покануваме на прес-конференција која ќе се одржи в понеделник 4 ноември во 12:00 во прес салата на спортската сала „Боро Чурлевски“.
СЕХА лигата одреди нов термин за одигрувањето на натпреварот од Б групата меѓу Металопластика и Еурофарм Работник.
Дуелот во Шабац беше првично закажан за 11 ноември, но овој натпревар има нов термин, а тоа е 23 ноември, сабота од 13:00 часот.
Еурофарм вечерва пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23-24, гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди. Очигледно Еурофарм е претплатен за драми во елитното ракометно натпреварување, клубот од Битола денеска имаше нов возбудлив меч полн со пресврти и неизвесност до самиот финиш. За жал, вицешампионот на Македонија на крајот остана со празни раце, а Татран Прешов си замина со победа.
Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за настап на меѓународни пријателски натпревари во Турција. Бојан Маџовски и Мартин Велковски се двајцата ракометари на Еурофарм Работник кои ќе патуваат на турнирот во Ескишехир.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister