b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_03_pelister-safhauzen_25.jpg

За првпат оваа сезона во Лига Европа, судии од Летонија ќе ја делат правдата на натпревар на Еурофарм Пелистер. Имено, Европската ракометна федерација ги одреди Иварс Цернавскис и Едмундс Богдановс за судии на натпреварот од десеттото коло на групата Д меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер.

Дуелот во „ББС Арена“ во Шафхаузен се игра во вторник од 20:45 часот, а заради протоколите на ковид-19 трибините ќе бидат празни. Швајцарскиот првак има само еден домашен пораз (од Рајн Некар Левен), а Еурофарм Пелистер забележа гостинска победа само против Татабања (иако натпреварот се играше во Битола).

Делегат на натпреварот е Беат Нагел од Швајцарија.

Од исходот на овој натпревар ќе биде познато против кои ривали од групата Ц ќе се сретнат двата тима, кои уште од пред едно коло и математички го обезбедија пласманот во осминафиналето.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723