Ракомет – Суперлига (11. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28-28 (13-12)
Во натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди, Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа 28-28 (13-12) во дуел од 11. коло на Суперлигата. Момците на Александар Јовиќ се спасуваа од пораз, бидејќи Ѓукиќ од седмерец на десет секунди до крајот погоди за нерешен исход.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од четвртото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања (23 октомври). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Ракомет – Суперлига (11. коло)
Прилеп – Еурофарм Пелистер 24-41 (12:22)
На враќањето на РК Прилеп во Универзалната спортска сала во Прилеп се собраа 700 љубители на ракометот да го видат Еурофарм Пелистер. Дуелот од 11. коло на Суперлигата помеѓу пелагонските ривали им припадна на фаворитот од Битола, кој на крајот славеше со убедливи седумнаесет разлика (24-41).
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од четвртото коло на групната фаза на Лига Европа.
Следниот вторник (23 ноември) од 18:45 часот унгарска Татабања гостува во Битола, а натпреварот ќе го водат руските судии Константин Ершов и Антон Пављуков. Овие судии минатата година во истото натпреварување го водеа дуелот на Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме.
Јосип Периќ беше најдобар стрелец во редовите на Еурофарм Пелистер во победата над АЕК со 27-30.Човекот кој го постигна победеносниот гол во Швајцарија пред неполн месец, одигра уште еден перфектен натпревар. Иако започна бавно, репрезентативецот на БиХ се разигра и ги избезуми противничките дефанзивци.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 27-30 славеа на гостувањето кај АЕК.
Битолчани по три кола имаат по една победа, пораз и реми, а тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од прикажаната игра против АЕК.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 24, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister