Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 23-22 (8-12)
Во тензично и многу драматично финале на Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961, иако водеше во поголемиот дел на средбата. На одмор се замина со +4 за битолчани, со одлична игра на Периќ и Граџан и одбрани на Секељи. Сепак, Дибиров стриктно играше одбрана врз Периќ, кој во вториот дел се повреди, и Вардар 1961 полека почна да ја топи предноста.
Пелистерци не постигнаа гол во последните четири минути и Талески на пет секунди до крајот погоди за финални 23-22.
Периќ и Граџан со по пет погодоци беа најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер.
Ракомет
Куп на Македонија (финале)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 23-22 (8-12)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 3.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, Петров, Стоилов 2, О. Њокас, Георгиевски 1, К. Њокас 2, Карапалевски 1, Диало, Тото 2, Талески 6, Дибиров 3, Крстевски, Додиќ 1, Ѓукиќ 5, Мишевски
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш, Ојлески 1, Маркоски 1, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 1, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 5, Костески 1, Божиќ Павлетиќ 2. Граџан 5, Обрадовиќ 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути
Следниот викенд во рамките од деветтото коло на плеј-офот во Битола се игра дуелот на градските ривали, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.