Охрид – Еурофарм Пелистер 21-24 (11-12)
Еурофарм Пелистер потешко од очекувањата стигна до бодови на гостувањето против Охрид, славејќи со резултат 21-24. Се очекуваше битолчани полесно да дојдат до триумф, но охриѓани играа мотивирано и организирано. На крајот, искуството и квалитетот сепак пресудија, па составот на Жељко Бабиќ стигна до посакуваниот резултат, останувајќи во трката за титулата.
Мандалиниќ и Граџан заедно постигнаа седумнаесет голови за пелистерци, а Филип Николов со девет гола беше најдобар поединец во поразениот табор.
Ракомет
Суперлига (плеј-оф)
Осмо коло:
Охрид – Еурофарм Пелистер 21-24 (11-12)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓоко Колески и Сашо Кркачев
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 1, Костов, Николов 9, Шилегов 2, Младеновиќ 1, Тасески 1, Грубор, Манасков 1, Ивановски 4, Ристески
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш, Ојлески, Маркоски 1, Маџовски, Кукуловски 3, Мандалиниќ 9, Радовиќ, Танкоски, Периќ, Костески, Божиќ Павлетиќ 3, Граџан 8
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Во следното деветто коло за две недели се игра градското дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.