Викендот следи битката во Купот на Македонија во ракомет. на која домаќин ќе биде Кавадарци. ГРК Тиквеш како организатор на настанот ги објави цените на билетите. Билетите во продажба се пуштаат во петок и ќе може да се купат по цена од 150 денари.
„Почитувани, со огромна чест и задоволство ви го најавуваме ракометниот Куп на Македонија 2022 година за мажи и жени кој ќе се одигра овој викенд во салата „Јасмин“, Кавадарци“, стои во соопштението на клубот.
Од петок, од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари.
Во полуфиналето ќе се сретнат: Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961 и Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер.