Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги објави официјалните лица за завршниот турнир во Купот на Македонија. Сите судиски двојки се од Скопје, а финалето доверено им е на најдобриот судиски пар Начевски-Николов.
Полуфинале:
Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски (Скопје)
Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје
Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Финале:
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Завршниот турнир на Купот ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.