Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 34-23 (17-9)
Новиот лидер во Суперлигата, Вардар 1961 попладнево во СЦ „Јане Сандански“ славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 34-22. Домаќините започнаа со стекнување на висока предност од 8-3. Поодбрата игра на Вардар продолжи и понатаму, во 20. минута позитивата се крена на +6, а на паузата „црвено-црните“ водеа со 17-9.
Во второто полувреме фаворитот само рутинирано си ја довршуваше својата задача, а противникот немаше никакви шанси да фати резултатски приклучок во натпреварот. Во 45. минута Вардар дојде и 27-17 и лесно го приведе натпреварот кон крај.
Во листата на стрелците Талески и Дибиров имаа по шест голови, а на спротивната страна Димитриоски постигна седум.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф
Осмо коло:
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 34-23 (17-9)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски 1, Петров 1, Стоилов 3, О. Њокас 1, Валчак 3, Моралес, Георгиевски 2, Карапалевски 3, Диало, Савревски 1, Талески 6, Дибиров 6, Додиќ 3, Д. Ѓукиќ 4, Мишевски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Буторац 2, Павле Атанасијевиќ 1, В. Димитровски 3, Петровиќ 1, Николовски, Димитриоски 7, И. Димитровски, Талевски 4, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ, Белистојановски 1, М. Ѓукиќ, Блажевски 1, Арсеновски 3
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 го игра градското дерби против Еурофарм Пелистер.