Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за претстојниот двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и во Шведска од 11 до 29 јануари догодина. Меѓу ибраните се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Кизиќ, Никола Маркоски, Костески, Ојлески и на Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Кузманоски, Ѓорговски, Павле и Петар Атанасијевиќ.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од осминафиналето на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице (5 април - 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со негатива од три гола се враќаат од гостувањето во Нашице, во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Европската лига.
На дуелот со Нексе „зелено-белите“ забележаа пораз од 29-26. Во првиот дел битолчани во три наврати имаа по еден гол предност но на пауза се отиде со резултат 12-10 за хрватскиот тим. Во вторите триесет минути предноста на Нексе постојано се движеше од два до четири гола.
Нексе Нашице - Еурофарм Пелистер 29-26 (12-10)
Еурофарм Пелистер загуби со 29-26 на гостувањето кај Нексе во рамки на првиот осминафинален натпревар во Европската лига на ЕХФ.
Иако во својата историја има финале на Челинџ Купот и полуфинале на Купот на победниците на Куповите, Еурофарм Пелистер може да оствари голем успех во последните две децении, ако го елиминира хрватскиот клуб Нексе од ЕХФ Лига Европа. Пред првиот дуел во Нашице пелистерци нормално тренираат и со оптимизам го чекаат соочувањето со Јагањец и другарите.
По одличната групна фаза Еурофарм Пелистер се насочува кон елиминационите натпревари во ЕХФ Лига Европа, Еурофарм Пелистер се наоѓа пред хрватски предизвик. Од неделата екипа е во Нашице, каде утре попладне ќе се соочји со Нексе во осминафиналето.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister