b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_11_valter_za_motor.jpg

Со авионски лет од Солун за Дизелдорф, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе заминат на четвртиот европски натпревар оваа сезона. Украински Мотор своите натпревари како домаќин ги игра во Германија и ќе го пречека македонскиот претставник во вторник од 18:45 часот.

Пред заминувањето своите импресии ги искажаа тренерот Валтер и организаторот на играта Танкоски.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Изгледа како да нема крај на проблемите, но имаме уште неколку недели до крајот на полусезоната. Тие сме што сме, ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор.

Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме тој натпревар.

Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме, па цел на натпреварот против Јуниор беше да се подобриме. Знам дека не е исто како против Фуксе Берлин, но мора да ги искористиме овие натпревари да се подготвиме за тешките дуели.

Марио Танкоски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Натпреварот против Мотор за нас е многу важен, бидејќи со нив ќе водиме битка за продолжување во следната фаза. Се подготовуваме за противникот од Украина, претежно составен со украински ракометари, но мислам дека ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме. Останаа таму само украински ракометари, со 2-3 странци. Високи и спори се и треба да ги наттрчаме, да играме наш ракомет и верувам дека нема да имаме проблем.

Имаме многу повредени ракометари, Суси веќе е опериран и се рехабилитира, Руди Сери мислам дека е загубен за оваа сезона. Имаме проблеми со ротација и мора да играме исти ракометари, десет играчи се здрави и за македонско првенство и за Европската лига. Посебно е напорно овие дваесеттина дена до крајот на полусезоната, бидејќи имаме два натпревари неделно. Мора да се собереме, заедно да смогнеме сили, да ги издржиме овие дваесет дена и ќе биде сè во ред.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) делегира хрватски судии за второто гостување на пелистерци. Даво и Зоран Лончар ќе ја делат правдата, а делагат на ЕХФ е Јута-Ерман Волф од Германија.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723