По големата победа во Дизелдорф против Мотор, Еурофарм Пелистер изби на делба на третото и четвртото место во групата Д во Европската лига. Пибедата од 30-33 нуди многу помирна атмосфера во соблекувалната пред двата натпревари против Бидасоа Ирун.
За македонските медиуми зборуваа Пешевски и Хенеберг и тренерот Валтер.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Можевме да забележиме дека и денес ни недостигаа ракометари, бидејќи на крајот бевме многу уморни. Но, сите се бореа и дадовме сè и малку повеќе од можностите. За еден тренер беше убаво да се види тимот денес. Игравме против тим чии бекови шутираат од преку 11 метри без проблем. Знаевме дека е поинаку да се брани против такви ракометари, но беше поразлично.
Посебно во вториот дел одигравме есктремно добро. Почнавме да играме подобра во одбраната, на крајот моравме да менуваме тројца ракометари, па затоа примивме повеќе голови од контри. Ракометарите се бореа и навистина сум горд на нив.
Нормално е ова за Хенеберг. Во шега веќе му кажав дека следниот пат очекувам малку повеќе.
В петок играме против Тиквеш, па ни следи Бидасоа во Шпанија. Имаме нови проблеми, Павле Атанасијевиќ веројатно ќе биде некое време отсутен, но Хосни се врати, па иако не беше максимално подготвен, си ја заврши работата на крајот, Сега мора брзо да се регрупираме и знам дека и в петок ќе биде тешко, но мора да го задржиме моментумот. Позитивно размислувам по денешната победа.
Себастијан Хенеберг
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Минав неколку тешки недели, бев уморен денес на крајот, но ја исполнивме целта. Дадовме што имавме во себе и одигравме скоро перфектен натпревар. Одигравме перфектна одбрана во одлучувачките моменти, сите си помагавме, голманите имаа клучните одбрани во одлучувачките моменти. Бевме концентрирани и заслужено се радувавме.
Жарко Пешевски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Одговоривме на најдобар можен начин за можеби првите лоши 15 минути против Фуксе Берлин. Се консолидиравме, заздравиме психички и физички и од првата минута покажавме дека дојдовме тука да се бориме, секој да го заслужи овој дрес и на крајот да си заминеме со големи два бода и со победа.
Огромно значење имаат овие четири бода на гостински терен, тоа ќе ни биде како „ветер во грб“ за наредните натпревари. Се спремаме за натпреварот во Кавадарци против Тиквеш во петок, тоа е озбилно гостување, па ни следи тешко патување за Шпанија. На секој натпревар се стремиме да бидеме подобри од претходниоти да се собереме што е можно повеќе бодови на крајот од групата.