Еурофарм Пелистер – Јуниор Кисела Вода 38-20 (19-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва беа подобри од Јуниор Кисела Вода со 38-20 за единаесетта победа во групата Б на македонската Суперлига. Избраниците на Ларс Валтер го засилија ритамот во второто полувреме, додека Јуниор продолжи со грешките во нападот, но и лошата одбрана, па така Пелистер запиша триумф од 38-20. Шанса добија сите ракометари, а мала минутажа имаше Танкоски, кој одигра шеесет минути против Фуксе Берлин. Заради повреда повторно не настапија Суси, Хосни и Велковски.
Хененберг беше најефикасен во таборот на битолчани со седум гола, по шест постигнаа Костески и Стоилевски, додека по шест гола за гостите од скопска Кисела Вода постигнаа Симоноски и Митровиќ.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
12. коло
Еурофарм Пелистер – Јуниор Кисела Вода 38-20 (19-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Михајло и Методија Илиевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 2, Маџовски 1, Кузманоски 2, Стоилевски 6, Радовиќ 3, Танкоски 1, Костески 6, Дејвис 3, Кукоски, Ѓорговски 4, Васиљев 2, Пешевски, Хенеберг 7, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 6 минути
Јуниор Кисела Вода:
Бардакоски, Ацевски, Димевски 1, Фидановски 2, Николовски 1, Николов 1, Трајчевски, Крстески, Ристовски 1, Митровиќ 6, Печенковски 1, Симоноски 6, Андреевски 1, Петровски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното тринаесетто коло Еурофарм Пелистер гостува во Кавадарци кај Тиквеш.